Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Pazar na pari (makedonski)". Rad ima 11 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Ako tekst koji se nalazi ispod nije čitljiv (sadrži kukice, znakove pitanja ili nečitljive karaktere), molimo Vas, prijavite to ovde.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati ovde.
МЕЃУНАРОДЕН ФАКУЛТЕТ ЗА ЕКОНОМСКИ НАУКИ
СТРУГА
Предмет: „Финансиски менаџмент “
Тема: „Пазар на пари“
МЕНТОР: СТУДЕНТ:
Проф. д-р Димче Крстиновски Константин Дејкоски
СТРУГА, 2009
ПАЗАР НА ПАРИ
Предмет на понуда и побарувачка на пазарот на пари се парите (краткорочните кредити) и краткорочните хартии од вредност. Поради фактот што на пазарот на парии се засновува кредитен однос, хартиите од вредност што се јавуваат на овај пазар најчесто се инструмент на тој кредитен однос.
Како понудувачи на паричните средства на пазарот на пари се јавуваат населението, организациите од стопанството, банките и други финансиски институции, општествено - политички заедници и организации и други субјекти. Сите овие ги нудат своите привремено слободни парични средства. Основен мотив за тоа е нивното поцелосно користење, одржување на вредноста, а по можност и остварување на определен принос. Како побарувачи на краткорочни финансиски средства (пари, кредити) на пазарот на пари се јавуваат истите групи субјекти, но нивното учество во побарувачката на краткорочни кредити не е еднакво на учеството во понудата на ваквите средства. Искуството од нашата земја во минатото покажа дека населението се јавува како поголем понудувач на парични средства, отколку како побарувач на кредити. Наспроти нив, организациите од стопанството се јавуваат како поголеми побарувачи отколку како понудувачи на краткорочни финансиски средства. Од тоа би можело да се заклучи дека дел од слободните парични средства на населението се прелева во стопанството, со што се остварува една корисна општествена функција. На пазарот на пари како понудувачи и побарувачи на пари се јавуваат и централните банки во земјите (емисионите банки), во чија надлежност е одржувањето на ликвидноста и стабилноста на стоковно - паричните текови во државата.
Кога се зборува за пазар се мисли на поврзувањето на понуудата и побарувачката на пари (краткорочни кредити). Но, продажбата на стоки со одложено плаќање (на кредити), која не се смета како работа на пазарот на пари, е тесно поврзана со него, зашто некои краткорочни хартии од вредност произлегуваат од купопродажбата на стоки и с е предмет на купопродажба на пазарот на пари и на краткорочни хартии од вредност.
ВИДОВИ ПАЗАРИ НА ПАРИ
Пазарот на пари и на краткорочни хартии од вредност може да биде организиран и неорганизиран. Најраспространета форма на организиран пазар на пари е меѓубанкарското купување на пари и хартии од вредност.
Меѓубанкарското купување на пари, всушност, е пазар на краткорочни кредити, при што една банка, која има вишок на ликвидни средства, дава кредит на друга банка, која има достиг од такви средства. Во зависност од рокот на кој се врши позајмувањето на пари, се еправи разлика меѓу тргувањето со дневни пари и со термински пари.
Дневни пари се сметаат вишоци на ликвидни средства што банката и ги нуди на друга банка, со рок на користење од еден ден или со отказен рок од еден ден. Во првиот случај корисникот е должен приемните пари да ги врати наредниот ден по нивното земање, а во вториот случај, корисникот ги користи приемните пари до денот на окружувањето плус еден ден, кога кредитот ќе треба да биде вратен. Откажувањето на кредитот може да потекне од која да било страна во кредитниот однос. Тргувањето со пари со рок на враќање не подолг од триесет дена од денот на земањето има третман на тргување со дневни пари.
...
-------------------- CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU.---------------------
MOŽETE NAS KONTAKTIRATI NA E-MAIL:
maturski.org Besplatni seminarski Maturski Diplomski Maturalni SEMINARSKI RAD , seminarski radovi download, seminarski rad besplatno, www.maturski.org, Samo besplatni seminarski radovi, Seminarski rad bez placanja, naknada, sms-a, uslovljavanja.. proverite!